22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува четири таблети за 2014-та

Samsung подготвува четири таблети за 2014-та

South Korea Samsung Apple

„Samsung“ има намера да и се спротивстави на доминацијата на „Apple“ на пазарот на таблети, така што следната година ќе претстави четири нови уреди.

Јужнокорејскиот технолошки гигант премиерата на своите четири нови таблети ја најави за првиот квартал во 2014-та година.

Веќе претходно е потврдено доаѓањето на евтиниот таблет „Galaxy Tab 3 Lite“, кој ќе биде достапен по цена од 100 евра, врз основа на првичните информации, „Samsung“ ќе претстави и таблет за пребирливите купувачи, а тоа најверојатно ќе биде 12,2-инчниот „Galaxy Note“.

Новиот „Note“ ќе има 2,3GHz „quad-core Snapdragon 800“ процесор, задна камера од 8 мегапиксели и 32GB меморија.

Се појавија и непотврдени информации дека „Samsung“ има во план да произведе таблет кој ќе може да ги користи оперативните системи „Android“ и „Windows“.

Статистичките податоци покажуваат дека „Samsung“ држи 20,4 проценти од пазарот на таблети ширум светот, додека уделот на „Apple“ изнесува 29,6 проценти во третиот квартал од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП