3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПредлог мерки за намалување на загадувањето во град Скопје

Предлог мерки за намалување на загадувањето во град Скопје

balkan-energy

Балкан Енерџи Груп како општествено одговорна компанија со внимание ги следи случувањата со загадувањето на воздухот во Скопје кои деновиве се актуелни во пошироката јавност. Ја делиме загриженоста на граѓаните и чувствуваме потреба  и одговорност пред јавноста, да го ставиме на располагање сиот свој технички и стручен потенцијал со цел да дадеме придонес во надминувањето на овој сериозен проблем.

Како главен извор на загадувањето на градот Скопје посочен од надлежните институции е согорувањето на фосилни горива (мазут, нафта, јаглен) и дрва при затоплувањето на станбените и деловните објекти. Согласно информациите од Град Скопје само 36 % од потрошувачите се затоплуваат на централно греење, а од останатите 64 % безмалку половина се затоплуваат со фосилни горива и дрва.

Балкан Енерџи преку системот за централно греење испорачува еколошки чиста енергија за затоплување бидејќи сите наши топлани работат на природен гас кој е еколошки најчистиот енергенс. Техничкиот капацитет на топланите и дистрибутивната мрежа во овој момент е двојно поголем од потребите на нашите потрошувачи. Од друга страна голем дел од потрошувачите кои користат фосилни горива и дрва за затоплување веќе имаат приклучок или со мали инвестиции може да се приклучат кон системот за централно затоплување.

Согласно горенаведените факти, предлагаме надлежните институции да донесат мерки во насока на приклучување кон системот на централно греење на јавните, деловните и приватните субјекти кои имаат приклучок или достапност до топловодната мрежа. Овие мерки ќе придонесат до брз и непосреден ефект во намалувањето на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот. Ваквите мерки се исто така во насока на заложбите на Владата на Република Македонија за гасификација на Република Македонија и зголемување на употребата на природниот гас како најчист енергенс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП