3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Airlines плаќа надоместок поради 11-ти септември

American Airlines плаќа надоместок поради 11-ти септември

american-airlines11

Авиокомпанијата „American Airlines“ се согласи да плати надомест во износ од 135 милиони долари на брокерската компанија „Cantor Fitzgerald“ која загубила 658 вработени за време на нападите на 11-ти септември 2001-ва година.

Канцеларијата на „Cantor Fitzgerald“ била лоцирана на неколку ката во едната од кулите близначки на Светскиот трговски центар кои беа урнати, откако терористи киднапираа авион на „American Airlines“. Во моментот на нападот во компанијата работеле околу илјада луѓе.

Постигнатата спогодба меѓу „Cantor Fitzgerald“ и „American Airlines“ беше објавена вчера од њујоршкиот судија Алвин Хелерстин. Во тужбата, поднесена од „Cantor Fitzgerald“, се тврди дека одговорноста за киднапирањето на авионот, а оттаму и за смртта на луѓето, треба да ја понесе „American Airlines“. Авиокомпанијата, пак тврдеше дека немало начин да се спречи навлегувањето на терористите во авионот.

Првично „Cantor Fitzgerald“ побара надомест во износ од 1 милијарда долари.

Во моментов во компанијата работат околу 8.000 луѓе низ целиот свет, вклучувајќи 3.200 вработени во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП