3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNutella симбол на глобализацијата

Nutella симбол на глобализацијата

nutella1

Познатиот сладок крем „Nutella“, од италијанскиот производител „Ferrero“, се произведува на пет континенти од состојки кои потекнуваат од целиот свет.

Поради тоа „Nutella“ е правиот симбол на глобализацијата, се наведува во неодамнешното истражување на ОЕЦД, кое беше наменето за индустриските брендови.

Често оспорувана, но и редовно имитирана „Nutella“ е правиот претседател на производите кои го освоија овој свет.

Во истражувањето се наведува дека годишно околу 250.000 тони од овој сладок крем се произведуваат во девет фабрики во светот: пет во Европа (Франција, Германија, Полска и две во Италија), една во Русија, една во Канада, две во Јужна Америка (Бразил и Аргентина) и една во Австралија.

Сите производни центри користат суровини од различни делови во светот: лешник од Турција, палмино масло од Малезија, какао од Нигерија, шекер од Бразил и Франција, ванила од Кина и Франција, па дури и обезмастено млеко кое се произведува во земјите во кои се сместени сите фабрики.

Дистрибуцијата се врши по пат на 75 продажни објекти во целиот свет, а главните центри за дистрибуција се во Европа, Северна и Јужна Америка и Океанија.

Во Азија не постои ниту една дабрика на „Nutella“, затоа што овој сладок крем не е популарен на овој континент, се вели во истражувањето. Наместо тоа, овде е баран другиот бренд на „Ferrero“ – „Rocher“, кој се произведува во една фабрика во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП