2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесетте најскапи работи во светот

Десетте најскапи работи во светот

azam1

На листата на консултантската компанија „WeltX“, осум од десетте најскапи работи во светот се луксузни јахти.

На првото место на оваа листа е јахтата „Азам“, долга 180 метри со шест палуби, вредна 627 милиони долари во сопственост на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калифа бин Заједа ал Наџана, чие богатство се проценува на околу 17,9 милијарди долари, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

На второто место од оваа листа е островот од 366 квадратни километри во хавајскиот арипелаг Ланаи, кој основачот и директор на компанијата „Oracle“, Лари Елисон го купи за 500 милиони долари во јуни 2012 година.

Јахтата на рускиот милијардер и олигарх Роман Абрамовиќ кој се збогати тргувајќи со нафта и кој го поседува англискиот фудбалски клуб „Chelsea“, е третата најскапа работа на листата на „WeltX“. Јахтата на Абрамовиќ е долга 180 метри, таа е купена пред три години и вреди 485 милиони долари.

На четвртото место е јахтатa „Серене“, на рускиот крал на водката, Јуриј Шефлер. Оваа јахта долга 133 метри рускиот милијардер ја купи во 2011 година за 330 милиони долари.

Јахтата на уште еден руски милијардер Андреј Мељниченка, вредна 323 милиони долари, е на петтото место. Потоа следи јахтата на Мохамед бин Рашид ал Мактума, емир на Дубаи, вредна 300 милиони долари која го дели шестото место со јахтата „Пелорус“ на американскиот директор на музичката куќа, филмскиот и театарски продуцент Дејвид Гевен.

На седмото место е јахтата „Радиант“, чија вредност изнесува 286 милиони долари и е во сопственост на саудискиот милијардер Абдула ал Футаима.

На деветото место е еден стан во Монако вреден 286 милиони долари во сопственост на рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, сопственик на фудбалскиот клуб Монако.

На десеттото место е јахтата „Дилбар“ во сопственост на Алшер Усманов, Русин со потекло од Узбекистан кој своето богатство го стекна со помош на металуршката индустрија. Тој својата јахта ја платил 263 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП