4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина доби руски кредит од 15 милијарди долари

Украина доби руски кредит од 15 милијарди долари

putinjanukovic1

Путин и Јанукович потпишаа договор, според кој Украина од Русија ќе добие кредит вреден 15 милијарди долари и 33 проценти попуст за гасот, пренесува агенцијата АФП.

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Виктор Јанукович во Москва го потпишаа договорот според кој Украина ќе добие пристап до рускиот кредит вреден 15 милијарди долари, како и 35 проценти попуст на рускиот гас, се вели во официјалното соопштение, пренесува АФП.

Путин на почетокот на состанокот порача дека Украина е еден од стратешките партнери на Русија, додека Јанукович изјави дека тоа партнерство треба да се развива.

Украинската опозиција неколку недели протестира на улиците поради тоа што Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со Европската унија, туку посака да ја зајакнува соработката со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП