4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната поблиску до договор за затворање на проблематичните банки

Еврозоната поблиску до договор за затворање на проблематичните банки

Eurosymbo

Министрите за финансии на еврозоната постигнаа значаен напредок во напорите за постигнување договор за начините за затворање на проблематичните банки, соопштија рано изутринава европски претставници.

Како што јави ДПА, ваквиот напредок ги засилува надежите дека во следните 24 часа може да биде постигнат договор.

– Ноќва постигнавме многу важен чекор напред, рече еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, по седумчасовните разговори во Брисел.

Претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум изрази оптимизам за евентуално финализирање на договорот за банките во следниот круг од преговорите.

– Имаме заедничка визија, изјави францускиот министер за финансии Пјер Московиси, додавајќи дека се уште има детали што треба да се решат.

Преговорите ќе продолжат утрово, кога сите 28 министри за финансии од ЕУ ќе се обидат да ја финализираат спогодбата.

Мерката има за цел да ги заштити даночните обврзници од тоа да плаќаат за спас на банките. Тоа ќе е вториот столб од банкарската унија за спречување на идните кризи, што се смета за клучен фактор за обновувањето на довербата во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП