3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаучници: Антарктикот богат со дијаманти

Научници: Антарктикот богат со дијаманти

73455060 / Antarctica

На Антарктикот е пронајден вид карпа која во себе содржи дијаманти, соопштија денеска научници кои ги истражуваат минералните богатства на ледениот континент.

Со договорот за Антарктикот и со другите спогодби, забранета е секаква војна, но и рударска активност на единствениот ненаселен континент на Земјата, кој е зачуван за научни истражувања и за животинскиот свет, од пингвини до фоки.

Во написот објавен во списанието „Нејчр комуникејшнс“ (Nature Communications), тим австралиски истражувачи наведуваат дека во источен Антарктик се откриени резерви на кимберлит, ретка магматска карпа која го добила името по јужноафриканската област Кимберли, каде првпат од неа е експлоатиран дијамант.

– Ова е прв доказ за постоењето кимберлит на тлото на Антарктикот, наведуваат научници, истакнувајќи дека до откритието дошле во планините наречени Принц Чарлс.

Кимберлитот, карпа од вулканско потекло, која се наоѓа длабоко под површината на Земјата, досега е пронајден на сите континенти.

Оваа карпа е и потврда за раздвојување на континентите. Областа источен Антарктик некогаш била дел од суперконтинентот Гондвана, кој ја вклучувал Африка, Јужна Америка, Австралија и Индија.

Многу минерали, вклучувајќи ја платината, златото, бакарот, железото и јагленот, се пронајдени на Антарктикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП