3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ќе вложи 22 милијарди евра до 2016-та

Газпром ќе вложи 22 милијарди евра до 2016-та

gaz71267773

Инвестиционата програма на Газпром за наредната година ќе надмине 17.7 милијарди евра, изјави премиерот Димитриј Медведев.

Вложувањата на рускиот енергетски гигант, според зборовите на Медведев, до 2016-та година ќе се добилижат до сумата од 22.2 милијарди евра.

Тој за инвестиционата програма на Газпром истакна дека таа практично ќе влијае на секој жител на Русија, а од неа ќе зависи квалитетот на снабдувањето со енергија и греење.

Вкупниот обем на инвестиции во 2014-та година ќе надмине 17.7 милијарди долари. Како што се очекува во наредните години тие стабилно ќе растат и до 2016-та година ќе достигнат 22.2 милијарди евра.

Медведев истакна дека обемот на инвестиции во наредната година ќе биде помал од претходно, но со зачувување на сите неопходни физички обеми.

Претходно извори за Интерфакс објавија дека вкупната инвестиција на Газпром за 2014-та ќе биде поголема од 17.7 милијарди евра, но таа информација се покажа како невистинита.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП