2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа Facebook пристигнуваат видео-реклами

На Facebook пристигнуваат видео-реклами

fejsbuk reklam

Компанијата „Facebook“ оваа недела ќе започне да продава видео-реклами. До јавноста не пристигнаа многу детали за овој новитет, но ќе тие ќе бидат познати во текот на наредните денови.

Во делот на вестите, т.н. „Newsfeed“, рекламите ќе се појавуваат автоматски, а во компанијата на Марк Цукерберг се надеваат дека овој новитет ќе им овозможи да добијат дел од колачот од 66.4-те милијарди долари, колку што компаниите оваа година имаат потрошено на телевизиските реклами во САД.

Меѓу првите реклами која „Facebook“ ќе им ја пушти на корисниците е кратката најава за филмот „Divergent“.

Се уште не е познато колку на почетокот ќе чини една реклама, ниту пак колку ќе трае.

Во текот на минатата недела одреден број на корисници можеа да ги видат рекламите, но тоа беше дел од техничките тестирања. Не се знае ниту тоа како огласите ќе бидат пуштени на меѓународните пазари, но сигурно е дека веднаш ќе бидат видливи на компјутерите и на мобилните телефони.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП