Италијанскиот енргетски концерн „ENI“ продава 124 бензински пумпи и 32,5 проценти од уделот во најголемата чешка компанија за преработка на нафта „Ceska Rafinerska“
Заинтересирана за купување е словачката нафтна компанија „Slovnaft“.
Мнозинскиот удел од 67,5 проценти во „Ceska Rafinerska“ го има чешката нафтена компанија „Unipetrol“, која поради тоа има право на првенство во откупот на уделот од „ENI“.
„Unipetrol“ во ноември го купи уделот од „Shell“ во „Ceska Rafinerska“, за кој за 16,33 проценти плати 27,2 милиони долари.
Прашањето е дали „Unipertol“ сака и понатака да го зголемува уделот во „Ceska Rafinerska“.