4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо третиот квартал стапката на невработеност 28,7 проценти

Во третиот квартал стапката на невработеност 28,7 проценти

rabota

Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод на статистика, бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица.

Во однос на претходниот месец бележи намалување од 0,1 отсто кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969.

Повеќе од половина од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години.

Според образование со четири години средно се 114.350 невработени лица, а со високо 41.509 невработени лица.

Стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3, а активното население во земјава брои 957.417 лица. Најмногу вработува преработувачката индустрија каде се вработени 134.339 лица и во земјоделскиот сектор се 127.747 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП