3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија очекува раст од 2,2 проценти

Швајцарија очекува раст од 2,2 проценти

rast1156

Очекуваниот економски раст на Швајцарија за 2014 година изнесува 2,2 проценти, а за 2015 година 2,3 проценти, соопшти швајцарскиот економски институт КОФ.

Економскиот раст на Швајцарија ќе биде стабилен со благ скок во текот на наредните две години благодарени на оживувањето на економскиот раст на глобално ниво, а особено на главните швајцарски економски партнери, пренесува АФП.

Како што оценува шајцарскиот институт, светската економска динамика ќе остане скромна во првите неколку месеци од наредната година, и покрај растот во индустриски развиените земји бидејќи економскиот раст во одделни земји во развој е забавен во последните неколку години.

Во наредната година, тенденцијата за раст на глобално ниво ќе биде позитивна, така што ќе ја поттикнува и швајцарската економија.

Според предвидувањата на КОФ, швајцарскиот извоз од индустрискиот сектор ќе забележи раст од 3,8 проценти во 2014 година, а во сервисните услуги од 4,37 проценти.

Увозот во Швајцарија наредната година ќе биде во пораст од 3,2 проценти, а во 2015 година 5,9 проценти.

Размената со странство би требало да биде стабилизирана на пазарот на девизи, особено поради поволниот однос на курсот на швајцарските фрнци во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП