3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодобрете го вашето здравје со портокали

Подобрете го вашето здравје со портокали

portokali15

Во текот на зимските денови особено треба да внимаваме на внесувањето на витамин Ц. Но, отсекогаш нутриционистите советувале дека храната богата со витамин Ц е многу подобар избор отколку витаминот Ц од таблети.

Сега научниците открија зошто консумирањето портокал е многу подобро за нас отколку пиењето на таблета витамин Ц или други апчиња. Тие тврдат дека уникатниот микс од антиоксиданси кои ги има во портокалот работат многу поефективно заедно, отколку одделно. Антиоксидансите се особено корисни за нашето здравје. Тие го забавуваат процесот на стареење на клетките, а помагаат и во заштитата од рак и срцеви болести.

Од витамини портокалот има најмногу витамин Ц, но и Б, А и Е. Од минерали тој содржи многу калциум, но и магнезиум, калиум и фосфор. Содржи многу олигоелементи и шеќери, што го прави портокалот добар извор на енергија на организамот.

Благодарение на високото ниво на витамин Ц во портокалот, тој има значителен придонес во намалување на феродефицитарната анемија, подобрување на зараснувањето на раните и елиминирањето на слободните радикали од организамот. Научниците портокалот го препорачуваат како незаменливо овошје кај сите, но особено кај пушачите.

Поради минералниот состав има реминерализирачко својство – помага во отстранување на токсините од човековиот организам. Освен пулпата, се користи и кората од портокал – богата со етерно масло, танини, горчливи материи, пектин и фитохемикалии. Доколку се користи кората, многу е важно плодот да не е прскан со пестициди и други хемиски средства. Листовите од портокалот делуваат против напнатост, несоница и вознемиреност и други нервни тегоби.

Секојдневното конзумирање на портокали чува од настинки и грип, го подобрува изгледот на кожата и косата, помага при болести на респираторниот систем, спречува напади на жолчката, намалува крвен притисок, намалува воспаление при артритис, ангина, запек, болести на бубрезите и мочниот меур, не заштитува од повеќе видови рак и го штити нашиот кардиоваскуларниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП