24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanada Post отпушта 8000 поштари

Canada Post отпушта 8000 поштари

Canada_Post_BetaAP

Поради финансиските проблеми и се поголемата употреба на електронска пошта, „Canada Post“ ќе ја прекине традицијата од 146 години на делење на пошта од врата на врата и ќе отпушти 8000 поштари.

Во истиот период постепено ќе го прекинат делењето на пошта од врата на врата и ќе ги зголемат цените на поштенските услуги со цел да се пополни буџетот на компанијата.

Во соопштението на „Canada Post“ е наведено дека нивниот дефицит ќе биде околу милијарда долари, доколку се превземат потребните мерки за штедење.

Од компанијата истакнуваат дека како најголема заработка се уште ја имаат дистрибуцијата на пакети, додека најголемата закана им доаѓа од зголемената употреба на електронска пошта и се помалото испраќање на обични писма и честитки.

Според податоците на „CBC“, доставата од врата на врата во просек ја чини „Canada Post“ 269 долари по адреса, додека поставувањето на т.н. сандачиња за граѓаните би чинело 108 долари, а доаѓањето на граѓаните на едно место, т.е. нешто како зграда на Поштата би чинело 59 долари. Иако веќе 10 милиони домаќинства ја користат „евтината“ варијанта, остануваат уште пет милиони од нив кои поштата ја добиваат на адреса.

Доколку и останатите граѓани мигрираат на „евтиниот“ начин на добивање на пошта, „Canada Post“ во наредните пет години би заштедила околу 900 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП