20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМаркионе: Fiat и Chrysler идната година се сoединуваат

Маркионе: Fiat и Chrysler идната година се сoединуваат

fiat

Генералниот директор на италјанската компанија за производство на автомобили „Fiat“, Серџо Маркионе, во неделата изјави дека неговата компанија и американскиот произведувач на автомобили „Chrysler“, во 2014 година ќе се соединат.

„Ние ќе успееме во тоа“, рече во неделата Маркионе за италјанскиот весник „Repubblica“, пренесе „AFP“.

Ние и „VEBA“ (најголем акционер во „Chrysler“) имаме различни мислења за вредностите на „Chrysler“, но тој проблем ќе го решиме во 2014 година, додаде тој.

Минатата година „Fiat“ се распрашуваше за преостанатите акции кои не се во негова сопственост. Така минатото лето италјанската делегација се обиде да договори цена за преостанатите 3.3 отсто од акциите, а последните информации велат дека во иднина „Fiat“ планира од VEBA (Voluntary Employee Beneficiary Association) покрај тие 3.3 отсто, да купи и дополнителни 3.3 отсто од акциите во Chrysler.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП