19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги наградите вработените за успешното работење во оваа година?

Како да ги наградите вработените за успешното работење во оваа година?

novogodishenpodarok

Вие и вашиот бизнис тешко дека ќе преживеете без вашите вработени. Некој сега ќе си рече, „еј како да не… ќе си најдам нови“, но тоа не е така, додека да најдете нови, доста време ќе помине а вашиот бизнис ќе претрпи голема загуба.

Сфатете дека вашите вработени, со сите свои мани и предности се заслужни за успешноста која ја имате. Да не се тие, ќе го нема ни вашиот успех. Епа сега, ајде реално да зборуваме како можете да им се заблагодарите и како да ги наградите за успешното работење во оваа година, но и да им дадете поттик за наредната година.

Дадете им одмор

Реално, доколку вашите вработени ги анагажирате да работат за време на Новогодишните и Бoжиќните празници, а вие си закажете луксузно патување од 10-тина дена, треба да знаете дека тие нема да се почувствуваат убаво и можеби во овој момент доколку се во тесна финансиска состојба ќе преќутат, но во првиот момент кога тие ќе бидат материјално постабилни, знајте дека ќе ве напуштат. Дадете им одмор, не неплатен, туку платен одмор и покажете им дека ја цените нивната работа и нивното секојдневно залагање, тие ќе ви возвратат на најдобриот начин.

Дадете им подарок

Во оваа група спаѓаат подароците како што се бесплатната вечера во ресторан, некој симболичен украс, нешто што можеби сте слушнале дека им недостасува во домот. Подарете им часовник, привезок, некоја интересна новогодишна играчка или слично. Вие треба тоа најдобро да го знаете, сепак 8 саати во денот сте заедно со нив и веќе знаете на кој и што му недостасува. Доколку не го знаете ова, направете еден интерес потег и во нивната канцеларија поставете елка со кутија за новогодишни желби, така што секој вработен на еден лист хартија ќе запише нешто што би сакал да добие, секако на шала на смеа кажете дека тоа треба да бидат некои мали и скромни нешта.

Патување

Да, добро слушнавте, најдобрите компании за време на празниците на своите вработени и нивните членови од семејството им подаруваат патување, некоја дестинација која не ја посетиле. Можеби џебот ќе ви се олесни за некој денар повеќе, но среќата и задоволството кое ќе го почувствува вработениот ќе резултираат со уште многу години успешно работење за вас.

Парична награда

Знаете како викаат, ако вие јадете прасе за празниците, овозможете им го тоа и на вашите вработени. Во бизнисот не смеете да се делите, нели за успехот треба сите максимално и еднакво да работиме, епа….. ако тоа е така, зашто и сите еднакво да не се храниме. Постојат семејства кои не можат да си го дозволат тоа, а ако вашите вработени ги наградите на ваков начин, тие ќе почувствуваат дека вие максимално ги цените и не дозволувате нивната трпеза да се разликува од вашата. Дадете им парична награда, ако не за прасе, може ќе закрпат некоја економска дупка и ќе ве паметат по вашата добрина.

Или вистината

Ако навистина не можете да си дозволите ништо од наведеното да им подарите, подарете им ја вистината. Вработените знаат да ви помогнат заедно да ги надминете тешките проблеми, и верувајте тоа и ќе го направат, скромно ќе си премолчат и ќе се обидат да ве сфатат и да ви помогнат. Но, доколку на нив им велите дека не сте финансиски способен нешто да им подарите, а вие по три дена си заминете на зимување, тие ќе сфатат дека не станува збор за кризна бизнис ситуација, туку за шеф циција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП