16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla ќе претстави евтина лимузина во 2015-та

Tesla ќе претстави евтина лимузина во 2015-та

tesla model e

Компанијата „Tesla Motors“ има во план на саемот во Детроит во 2015-та да прикаже нов модел во класата на луксузни компактни седани, како што се „Audi A4“, „BMW Serieѕ 3“ и „Mercedes C сlasѕ“.

Најавата за новиот електричен автомобил кој ќе биде помал и ценовно попристапен од „Model S“ е дело на дизајнерот Франц вон Холцхаузен. Тој неодамна за германскиот „Auto Bild“ изјави дека работи на автомобил кој ќе ја подигне компанијата на ново ниво.

„Тој модел ќе ја прикаже суштината на „Tesla Motors“, a тоа е способност на компанијата да направи електричен автомобил кој масовно ќе се произведува и кој ќе биде достапен за поширокиот круг на купувачи“, објаснува Вон Холцхаузен.

Тој не пропушти во стилот на челниците на компанијата да ја „пецне“ конкуренцијата.

„Новиот модел нема да биде само помал „Tesla S“ – ние несакаме автомобилите премногу да наликуваат еден на друг, како што тоа го прави „Audi“. Од друга страна, нема да ризикуваме со тоа новиот модел премногу да се разликува од сликата која за нашите автомобили ја имаат потенцијалните купувачи, како што тоа го направи „BMW“ со електричниот модел „i3““, заклучува Вон Холцхаузен.

Тој напомена дека новиот автомобили, за кој се шпекулира дека би можел да ја добие ознаката „Model E“, би требало да биде претставен на авто-саемот во Детроит во јануари 2015-та година. Возилото во продажните салони би требало да пристигне во текот на 2016-та година.

Пред компактната лимузина, компанијата во 2014-та на пазарот ќе го понуди најавениот кросовер – „Model X“.

Се проценува дека „Tesla E“ ќе има автономија од околу 320 km и дека ќе се продава по цена од 40.000 долари (помалку од 30.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП