2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредвидување на иднината: Америка е економски систем без реална основа

Предвидување на иднината: Америка е економски систем без реална основа

tomashartman1

Многу моќните и многу богатите настојуваат да создадат еден вид на олигархиско владеење. Тоа е војната на богатите против сиромашните и работливите луѓе, изјави познатиот американски радиоводител Томас Хартман.

Новата книга на американскиот радиоводител, Томас Хартман (62) „Пропаст 2016“, зборува за заговорите околу уништувањето на Америка и следната криза која може да и донесе тотален пропаст. Хартман е најпопуларниот меѓу водителите кои се залагаат за либерални идеи, за што сведочи фактот дека тој неделно има 2,7 милиони слушатели.

Авторот открива дека книгата се занимава со суштинскиот проблем на оваа земја, а тоа е дека само изгледа дека во САД се е под контрола, но кога ќе се изгребе површината, јасно е дека под неа не постои ништо.

Првата криза во Америка е надмината кога е формирана самостојната нација по ослободувањето од колонијата. Втората криза е завршена со ослободувањето од ропство и почетокот на индустриската револуција. Третата криза е по развивањето на најсилната средна класа во светот, по големата криза во 30-тите години од минатиот век.

Четвртата, најновата раскрсница, е сеуште недовршен процес во кој не се извршени детални реформи како во претходните кризни периоди. Новиот пропаст, според мислењето на Хартман, ќе биде само продолжение на кризата од 2008 година, предизвикана од големата рецесија. Иако не мора да се случи токму во 2016 година, може и порано, Хартман смета дека во секој случај претседателот Обама ќе ја одложува неизбежната судбина на својата земја се до крајот на неговиот мандат.

– Она што сега се случува е веќе видено во претходните кризи: во суштина, многу моќните и многу богатите настојуваат да создадат една олигарска форма на владеење и во многу случаеви во тоа и успеваат. Тоа е војната на богатите против сиромашните и работливите луѓе, средната класа.  Во оваа генерација предводници на оваа војна се браќата Дејвид и Чарлс Кок, Шелдон Аделсон, најголемите финансиери на Републиканската партија, но и други кои се многу малку видливи, изјави авторот.

– Поради сето ова само со уште една голема економска криза може да се создаде политичка волја неопходна за фундаментални промени во нашиот економски и политички систем, да се направи оваа земја да стане функционална повторно, вели Хартман.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП