28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing објави рекорден откуп на акции

Boeing објави рекорден откуп на акции

boeing akcii

Американскиот производител на авиони „Boeing“ најави дека ќе откупи свои акции во вредност од 10 милијарди долари, што ќе биде најголемиот откуп на акции во историјата на компанијата, соопштува „БиБиСи“.

Претходниот рекорд на „Boeing“ е од 2007-та година, кога беа откупени акции во вредност од 7 милијарди долари.

Покрај тоа, компанијата ја зголеми тримесечената дивиденда за 50 проценти до 0,73 долари по акција. Таа се очекува да биде исплатена во март следната година. Според зборовите на портпаролот на „Boeing“, компанијата сака да ги награди своите акционери во момент во кога растат продажбата и приходите.

Акциите на „Boeing“ пораснаа за околу 2 проценти на берзата во Њујорк по објавувањето на оваа информација. Цената на акциите на „Boeing“ се зголеми за околу 79 проценти во оваа година, а во моментов една акција на компанијата чини 136.90 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП