2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на книга за културното наследство на Балканот

Промоција на книга за културното наследство на Балканот

hitportal-kniga

Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам „Балканија“ денеска, на Факултетот за туризам и менаџмент, ќе ја промовира книгата за културното наследство на Балканот.

Книгата го промовира целиот Балкан како туристичка дестинација и ќе се доставува бесплатно до туристички субјекти, туроператори, агенции, корпорации, авио компании и амбасади. Во неа се претставени местата заштитени од УНЕСКО од 11 балкански земји, Македонија, Бугарија, Албанија, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Косово, Грција и Романија. Преку фотографии и текст може да се види културното наследство кое на Балканот му обезбедува најзначајно место на светската туристичка карта.

Автор на книгата е д-р Фабио Котифава од Мантова, Италија, голем вљубеник во Македонија, еден од основачите на „Балканија“ и нејзин почесен претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП