28 март, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Во првиот квартал од идната година ќе биде формирана српската Берза на електрична енергија, која ќе стане функционална во четвртото тримесечје од 2014 година. Поголемиот дел од работата е завршен и берзата е подготвена да почне да работи идната година, соопшти генералниот директор на „Електромрежата на Србија“, Никола Петровиќ. Тој наведе дека на берзата се очекува учество на клиенти од Црна Гора, Македонија, Република Српска, додавајќи дека таа ќе биде формирана со една од водечките француски компании.

Белград – Просечните месечни расположливи средства по домаќинство во Србија во третиот квартал изнесувале 59.779 динари (520 евра), соопшти српскиот Републички завод за статистика. Како што се наведува во соопштението, од наведениот износ за лична потрошувачка на домаќинствата оделе 53.282 динари (464 евра). Најголем удел на потрошените средства 40,5 отсто одел за храна и сокови, а потоа на наменини, вода и електрична енергија. За гас и набавка на други горива се трошеле 15,1 отсто од приходите, а за превоз 8,2 проценти.

Белград – Новиот урбанистички план на Белград ќе дозволи изградба на објекти високи до 150 метри, објави „Новости“. Според весникот, покрај „Белграѓанка“ и зградите на „Ушќе“ и „Генекс“, во блиска иднина српскиот главен град може да добие уште два нови облакодери – кај хотелот „Југославија“ и во Блокот 14а во Нов Белград. Инвеститор на зградата кај хотел „Југославија е грчки фонд, а изградбата на облакодерот во Блокот 41а ја планира фирмата „Напред“.

Подгорица – Индустриското производство во Црна Гора во ноември бележи раст од 21,4 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Монстат. Како што се наведува во соопштението, индустриското производство во Црна Гора во оваа година без декември е поголемо за 10,2 отсто во однос на истиот период лани. Според податоците на Монстат, индустриското производство во Црна Гора во ноември во однос на претходниот месец е поголемо за 27,6 отсто.

Подгорица – Министерство за одбрана на Црна Гора соопшти дека повеќе од 50 отсто од црногорските производи се кодифицирани според стандардите на НАТО. Црногорскиот пршут и другите месни производи, водата, производите на плантажите на „13 јули“ и на Фабриката за пластични експлозиви ќе ги користат трупите на НАТО во соседството и војниците на Алијансата што ќе дојдат во Црна Гора. Над 50 отсто од црногорските производи од месните индустрии „Мартекс“ и „Месопромет“, како и производите на плантажите на „13 јули“, на компанијата за производство на вода „Суза вотер груп“, како и пластичниот експлозив на фабриката „Полиекс“ и производите за авијацијата и одбраната на мојковачка „Тара“, досега се кодифицирани според стандардите на НАТО.

Загреб – Најзастапените сорти на тутун во Хрватска, „Барли“ и „Вирџинија“, можат да бидат забранети со новата директива на ЕУ чие усвојување се очекува во 2014 година. Според оценката во Секторот за земјоделство, прехранбена индустрија и шумарство при Стопанската комора на Хрватска, овие сорти би биле најпогодени ако поминат сите барања кои ги постави Европската комисија во донесување на директивите, донесени со цел да се намали пушењето меѓу младите и намалување на бројот на пушачите за два отсто во следните пет години.

Загреб – Според најновите проценки, повеќе од 97.000 работници во Хрватска во следната година можат да останат без работа. Клучните показатели на пазарот на трудот (КИЛМ) на Меѓународната организација на трудот укажуваат дека идната година во Хрватска без работа можат да останат 7,2 отсто од вработените.

Љубљана – Словенија чека зелено светло од Европската комисија за да внесе нов капитал во своите најголеми банки, НЛБ и НКБМ, а потоа се планира пренос на лошите кредити. Лошите кредити ќе бидат префлени од тие банки во Компанијата за управување со имотот на банките (БАМЦ). Државните банки НЛБ, НКБМ и „Абанка Випа“ ќе префрлат околу 4,5 милијарди евра ненаплатливи кредити во т.н. лоша банка БАМЦ, која тие средства ќе ги преземе во замена за обврзници од четири милијарди евра државни гаранции.

Њујорк – „Амазон“ ги менува цените на производите на своите интернет странуцу неверојатни 2,5 милијарди пати дневно, покажува истражувањето на компанијата „Профитеро“. За споредба, големите трговски ланци „Волмарт“ и „Бест бај“ ги корегираат цените на производите во своите продавници околу 50.000 пати, но месечно. Иако е јасно дека компанијата на Џеф Бејзос дел од својот голем успех го должи на честите попусти, широката понуда и повеќе од конкурентни цени, па затоа и честите промени и не се изненадување, аналитичарите сепак истакнаа дека овој податок е целосно неочекуван.

Вашингтон – Американскиот долар можеби повеќе не стои најдобро на светскиот пазар, но затоа може да се пофали со фактот дека во изминатите 20 години парите станаа подолготрајни. Како што соопшти американската Управа за федерални рерзерви (Фед), во однос на скромиот 18-месечен животен век на банкнотите од 90-те години на минатиот век, доларите денес „живеат“ дури за 289 отсто подолго, односно 70 месеци. Причина за ова не е само поквалитетното печатење, туку и фактот што Фед неспоредливо поретко мора да уништува пари откако ги разви своите системи за сортирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП