3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАViber сериозно му се заканува на Skype

Viber сериозно му се заканува на Skype

viber skypee

Од „Viber“ сега може да се јавите на секој број, без разлика дали тој ja има инсталирано апликацијата.

„Viber Out“ е нова услуга, која ја нуди популарната апликација „Viber“. Јавувањата веќе можат да се реализираат до секој број, а се разбира, тие ќе се плаќаат. Цените сепак се конкурентни на цените на „Skype“. Апликацијата ќе им овозможи на 200 -те милиони корисници да се поврзат со нивните пријатели, без разлика каде се и дали имаат мобилен или фиксен телефон.

Оваа услуга за прв пат беше претставена по ударот на тајфунот Хајан во Филипини, кога „Viber“ им овозможи на Филипинците бесплатно да се поврзат со своите пријатели од целиот свет.

„Viber Out“ е достапна за „Android“, „iOS“ и „Windows“ за компјутери, а наскоро доаѓа и за „Windows Phone“. Кредитот може да се купи директно од апликацијата.

Сега сите го очекуваат одговорот на „Skype“, како и на другите апликации како „WhatsApp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП