6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Шпанија е на добар пат“

„Шпанија е на добар пат“

shpanijashpa156

Меѓународните кредитори, кои учествуваа во спасувањето на проблематичните шпански банки, порачаа дека банкарскиот сектор во Шпанија е на патот кон закрепнувањето.

„Процесот на реструктуирање на бaнките кои примија државна помош е на добар пат“, се наведува во соопштението на Европската комисија, кое беше објавено по посетата на официјалните лица од Меѓународниот фонд на фондот на Мадрид, поради проценка за напредокот на оваа земја во спроведувањето на програмата за докапитализација на банките, пренесува агенцијата Франс прес.

„Превземените напори придонесоа за банкарскиот систем на земјата да стане посилен и побезбеден“, се наведува во соопштението на ММФ.

Двете институции, исто така, предупредиле дека кредитирањето на претпријатијата и понатака мора да расте, бидејќи економските ризици по економијата на Шпанија сеуште се присутни, како и тоа дека Шпанија мора да ги исполни финансиските цели и да продолжи со реформите за да обезбеди повраток на растот.

Шпанија досега искористи 41 милијарда евра од кредитната линија која меѓународните кредитори и ја доделија во јули 2012 година во висина од 100 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП