26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕК ги испитува Барселона и Реал за незаконска државна помош

ЕК ги испитува Барселона и Реал за незаконска државна помош

barsa real ovo

Барселона и Реал Мадрид се меѓу седумте шпански клуба кои Европската комисија ги истражува за добивање на незаконска државна помош.

Министерот за надворешни работи на земјата, Хозе Гарсија – Маргаио потврди за весникот „Ас“ дека се испитуваат финансиите на тимовите.

Останатите пет екипи кои се вклучени во истрагата се Атлетик Билбао, Осасуна, Валенсија, Елче и второлигашот Херкулес. Шпанската влада ги отфрли обвинувањата.

„Владата ќе се бори докрај во заштита на фудбалските клубови, кои се дел од нашиот национален идентитет“, рече Гарсија – Маргаио.

Барселона, Реал, Атлетик и Осасуна се испитуваат за олеснувања при оданочување со користењето на параметри кои се валидни за непрофитни граѓански организации.

Тимот од Билбао е под истрага и за нерегулираното финансирање при градењето на нивниот нов стадион, кој беше отворен во септември по тригодишна изградба. Ако бидат прогласени за виновни, клубовите најверојатно ќе бидат принудени на враќање на поголемиот дел на нелегалната поддршка.

Барселона и Реал се двата од најпопуларните тимови во светот и имаат постојани приходи, но очекуваните можните сериозни казни може да доведат дури до банкрот на останатите клубови кои се потонати во долгови, што би било сериозен удар за шпанскиот фудбал.

Во 2012-та година Европската комисија започна темелна истрага за сметките на шпанските клубови, а според информациите на „Гардијан“ општите обврски достигнуваат околу 700 милиони евра.

Европската комисија треба да го објави официјалното обвинение против седумте тимови до крајот на неделава, по што тие ќе имаат четири месеци да ја докажат својата невиност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП