9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Франција да ги спроведува реформите

ЕЦБ: Франција да ги спроведува реформите

mario1

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги ја повика Франција да продолжи со реформите и да воспостави даночна стабилност.

Конкурентноста на француската економија и поната е недоволна, изјави Драги.

„Вложен е голем труд, сега е важно да се продолжи во правец на реформите. Француската влада добро го знае тоа. Конкурентноста останува недоволна а пополнувањето на државниот буџет не може повеќе да се сведува на зголемувањето на даноците. На Франција и е потреба даночна стабилност, за компаниите повторно да започнат со инвестиции“, изјави Марио Драги.

Според неговата оценка, Германија е во подобра економска ситуација од Франција, бидејќи нејзината економија е повеќе конкурентна благодарение на храбро спроведените структурни реформи.

Драги посебно ги пофали реформите на германскиот пазар за труд, но потенцираше дека Германија сега во прв план треба да ги стави инвестициите, пред се во инфраструктурата.

Осврнувајќи се на работата на ЕЦБ, Драги потсети дека во моментов главната мисија на институцијата во која тој е на чело е да се зачува стабилноста на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП