Во организација на Занаетчиската комора на Република Македонија денеска почнува манифестацијата „Денови на занаетчиството во РМ 2013“ која традиционално се одржува под покровителство на Министерството за економија.

Манифестацијата годинава е поддржана и од Министерството за култура преку проектот „Со традиционални вредности, низ современата иднина“.
„Денови на занаетчиството“ стартуваше во 2010 година како резултат на соработката меѓу Занаетчиската комора на Македонија и германскиот партнер, Занаетчиската комора Кобленц. Целта на манифестацијата е да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите и чувар на традицијата и културата.
Традиционлано, и годинава ќе се доделат признанијата „Занаетчија на годината“ и „Признание за најуспешните“. Прикажана ќе биде и изложбата „Фестивал на автентично занаетчиство“.