3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP ќе вади гас во Оман

BP ќе вади гас во Оман

bp oman

Британскиот енергетски гигант „British Petroleum“ (BP) доби официјална дозвола за лансирање на проектот за истражување и вадење на природен гас од шкрилци (лискунов камен, слоевита карпа која лесно се дели на тенки плочки) во Оман во вредност од 16 милијарди долари.

Компанијата од Велика Британија веста за новиот проект ја соопшти во време на екот на вадење на плин од шкрилци, кој доведува до падот на цената на овој енергент за потрошувачите.

Договорот е потпишан на период од 30 години, вклучувајќи и 15-годишна програма за дупчење на шкрилци.

„Денешниот договор е важен чекор за плановите на Султанатот Оман за да излезе во пресрет со растечката побарувачка на енергентот во претстојните децении и да допринесе за економскиот раст“, изјави министерот за нафта и гас на оваа држава, Мохамед бин Хамад ал-Румни.

Извршниот директор на „BP“, Боб Дудли порача дека овој голем проект и помага на компанијата во Оман да го донесе повеќедецениското искуство во производство на гас.

Од шкрилците да се ослободи природниот гас, тие под висок притисок се кршат со мешавина на песок, вода и хемикалии, а огранизациите за заштита на животната средина истакнуваат дека овој процес може да ги загади водите, па дури и да предизвика помали земјотреси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП