28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиските температури во ноември ја зголемија продажбата на H&M

Ниските температури во ноември ја зголемија продажбата на H&M

h&M1156

Шведскиот ланец на продавници за облека „Hennes & Mauritz (H&M)“ соопшти дека продажбата во ноември се зголемила, благодарение на ладното време кое ги принуди купувачите да набават зимска облека. Продажбата во минатиот месец е зголемена за 10 проценти, се вели во соопштението од компанијата.

„H&M“ добро работеше и за време на глобалната криза, иако европската должничка криза потешко го погоди во однос на неговиот голем конкурент „Inditex“, кој има поголем удел во продажбата на пазарите во развој.

„H&M“ денес во своето соопштение извести дека во четвртиот фискален квартал од 1 септември до 30 ноември ја зголемил продажбата за три проценти во однос на истиот период минатата година.

Приходите без даноците на прометот изнесуваа 36,5 милијарди круни (5,5 милијарди долари), во однос на 32,5 милијарди круни колку што изнесуваа во истиот период минатата година.

„H&M“ на крајот на ноември имаше вкупно 3,132 продавници за облека, во однос на 2,776 продавници колку што имаше на крајот на ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП