9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2013 година

Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2013 година

Najdobar

Супер маркетот „Тинекс“, салонот за мебел и канцелариска опрема „Леснина Ми“, бутикот „Енци Менци“, се меѓу најдобрите трговски објекти за 2013 година во Град Скопје.

Според истражувањето што во ноември го спроведе Град Скопје во соработка со Агенцијата „SWOT Recearch“, во категоријата парфимерии и козметика најдобри се „Тесори ди Маре“, во апарати за домаќинство, бела техника и се за дома „Тајм-с“, за компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема „Ај стаил“ и во модни додатоци и накит „Сигма“.

Второто, односно третото место во категоријата супер маркети им припадна на „Тедико Супер“ и „Нова маркет“, салони за мебел и канцелариска опрема се „Мебел Ви“ и „Акрон Скопје“, парфимерии и козметика „Еликсир ексклузив“ и „Ри-Ма“, бутици „Фокабо“ и „Конели“, апарати за домаќинство, бела техника и се за дома „Нептун“ и „Нигор дел стор“, компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема „Галерија сони“ и „Невада“ и во модни додатоци и накит „Тесоро“ и „Б-воч“.

Истражувањето е спроведено по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета на независни и објективни тајни купувачи, кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата во трговските објекти според однапред утврдени критериуми.

Спроведени се 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории
трговски објекти.

Испитувањето, седма година, се спроведува според шест критериуми: изглед на продажното место, прв контакт со вработените, услуга на вработените, продажни вештини, завршен контакт и задоволство со купувачкото искуство.

Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел и оние за накит, па бутиците, продавниците за апарти за домаќинство и
бела техника и за компјутерска опрема, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите, чии вработени реално не можат да им посветат доволно внимание на сите купувачи одделно.

Признанијата во форма на плакета денеска им ги додели градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

– Месец на трговија е проект кој Градот Скопје го организира по седми пат со цел да ја разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема купувачите, како и заради подигнување на општото ниво на квалитет во трговските објекти на територијата на Градот, рече Трајановски.

Целта на проектот, според него, е да се поттикне и поддржи развојот на трговијата и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП