22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРВЈУПерица Вичишки: Бидете страствени, одговорни и креативни во вашата работа!

Перица Вичишки: Бидете страствени, одговорни и креативни во вашата работа!

perica-vichishki

1. Вашите производи се едни од најпрепознатливите во бившиот екс-ју регион. Како успевате толку долго да останете првиот избор на потрошувачите?

Со аквизицијата на Дрога Колинска како компанија добивме избалансиран и исклучително квалитетен производен асортиман, тоа се брендови со долга традиција и одлична перспектива како што се Гранд Кафа, Смоки, Бананица, Штарк, Аргета, Кокта….Од друга страна, постигнавме извонредна рамнотежа на производството и дистрибуцијата и станавме силен стопански субјект во сите земји од регионот. Нашата сила и know how кои ги развивме во регионот, заедно со нашето постоечко искуство и присуство во земјите на ЕУ, ни овозможија во сите производни процеси да  применуваме високи стандарди на контрола на квалитетот и безбедност која е дефинирана во стратегијата на нашето работење, во согласност со најновите и најмодерни трендови.Од друга страна, ги следиме барањата на потрошувачите, внесуваме иновации во своето портфолио и настојуваме да им ја пружиме и онаа дополнителна вредност во однос на стадардната понуда на местото на продажба. Исто така, мислам дека сме исклучително ефикасни и во делот кој се однесува на логистиката, значи не само на продажбата. Сето тоа ни овозможува секој ден практично да го унапредуваме нашето работење во сите сегменти, нешто што го препознаваат нашите потрошувачи, но и нашите деловни партнери.

 

2. Кој е рецептот за успех на Атлантик Група и која е главната предност во однос на конкурентите?

Нашата сила е избалансирано портфолио на производи кои се многу атрактивни на пазарот, како и регионален пристап, со висок квалитет на дистрибуцијата на секој поединечен пазар, бидејќи на тој начин можеме да оствариме значајни синергиски ефекти. Исто така, искуството на раличните пазари ни овозможува ефикасно и флексибилно да постапуваме пред сите предизвици кои се поставуваат пред нас. Освен тоа, нашата технологија на полето на дистрибуцијата е таква да можеме да пружаме ист квалитет и фер третман на сите партнери, а тоа и го докажавме повеќе пати. Со сопствените брендови не ги покриваме сите категории, па така со водечките домашни, регионални или мултинационални компании креираме заедничко продажно портфолио, благодарение на кое станавме еден од најдобрите три дистрибутери на полето на малопродажбата во регионот. Со комбинирање на сопственото портфолио и портфолиото на принципалот, станавме уште посилни, имаме многу поголеми синергиски ефекти со нашите купувачи, како и во дистрибуцијата, бидејќи трошоците за дистрибуција на овој начин се помали. Тоа е ‘win-win’ ситуација за сите три страни- принципалите, трговците и ние.

 

3. Атлантик Трејд Скопје, под свое крило ги има супербрендовите „Аргета“, „Кокта“ ; „Цедевита“„Гранд Кафа“„Смоки“„и многу други, а секој од нив има различна мисија, визија и целна група. Како успевате да ги организирате и координирате истовремено сите различни стратегии?

Со аквизициите во последните неколку години, кои беа доминантни во сегментот на прехраната, Атлантик Група на некој начин се профилираше како дистрибутер на производи за широка потрошувачка, каде најголем дел од портфолиото е сочинет од прехрамбени производи и силни сопствени брендови, кои имаат долгогодишна традиција локално, но и регионално. Со самото тоа, нашата стратегија беше да продолжиме да ги развиваме најзначајните брендови, некои како локални, некои како регионални лидери, како што се на пример да речеме Гранд Кафа, Кокта, Цедевита или Смоки, кои на регионалните пазари имаат една од првите три позиции во пазарниот удел во својата категорија. Додека, секако, поединечни брендови имаат и интернационален карактер, како на пример Аргета која постигнува успех и на пазарите на ЕУ. Суштината лежи во тоа да ги препознаеме потребите на пазарот и да одговориме на желбите и потребите на нашите корисници, пренесувајќи им ја извонредноста на нашите брендови и услуги. А, задоолството на нашите купувачи и потрошувачи е нашата заедничка секојдневна мисија.

perica-vichishki

 

4. Неодамна Атлантик група објави дека на ниво на групација во првите девет месеци во 2013 година остварила приход од продажба во износ од 496,7 милиони евра. Каква е ситуацијата во Македонија, очекувате ли подеднакво успешни финансиски резултати во првите девет месеци, и воопшто во фискалната 2013 година?

Во Македонија минатата година имавме раст во сите категории, пред сè кај кафето (Гранд кафе), потоа деликатесните намази (Аргета) и асортиманот Слатко и солено (Штарк) и остваривме приход од продажба во износ од 25 милиони евра, што е речиси 9 проценти повеќе во однос на 2011 година. Тој тренд на раст продолжи и оваа година, па така ние и за 2013 година планираме остварување на плановите и понатамошен раст на продажбата. Од почетокот на годинава кога говоревме за овој пазар, најзначајниот раст на продажбата беше забележан во асортиманот Слатко и солено со брендовите Смоки, Штарк кексот, чоколадите Најлепше жеље, потоа категориите газирани безалкохолни пијалоци со брендот Кокта.

 

5. Најново од Атлантик Група е потпишувањето на договор со Унилевер, вреден вкупно 32 милиони евра,  со кој Атлантик Група во Словенија и Хрватска, ја превзема дистрибуцијата на Унилевер (со брендовите Knorr, Rama, Lipton, Bertolli, Hellmann’s, Dove, Axe, Rexona, Cif, Domestos ). Какви се предности се очекуваат од преземањето на дистрибутивното портфолио на Унилевер и дали се очекуваат некакви промени и на македонскиот пазар во овој поглед?

Со превземањето на Унилеверовото дистрибутивно портфолио на хрватскиот и словенчкиот пазар Атлантик Група го потврди статусот на водечки дистрибутер во регионот, кој нуди највисоко ниво на дистрибутивни услуги со висока реализација на дистрибутивни параметри, но исто така е значаен показател на способностите на дистрибуцијата на Атлантик овде на македонскиот пазар, бидејќи во рамките на системот функционираме со примената на истите стандарди. Па така, ова е уште еден сигнал за потенцијалните принципали дека преку дистрибуцијата на Атлантик и овде во Македонија можат да имаат сигурен партнер, да ја зајакнат својата работа, да го забрзаат растот, но пред сè на своите купувачи и потрошувачи да им овозможат најквалитетни услуги.

 

6. Квалитетните менаџери секогаш имаат визија и долгорочни планови за иднината. Можете ли да ни откриете дел од зацртаните цели за наредната 2014 година?

Кога станува збор за дистрибутивната организација, првата задача ни е воведување на уште неколку нови стандарди, за да бидеме уште поефикасни, побрзи, квалитетни и подостапни на принципалите. Нашата ориентација е насочена кон понатамошното зајакнување на регионалната дистрибуција, како значајна алка во системот на Атлантик, врз основа на „know how“ пренесените искуства и единствените стандарди. Во интерес ни е следната година да го зајакнеме дистрибутивното портфолио со надворешните принципали и во склад со тоа да оствариме понатамошен развој на секој од каналите за продажба со максимален технолошки напредок на системите за следење на дистрибуцијата и раководење со залихите. На макроекономската ситуација не можеме многу да влијаеме, но на основа на овогодишните резултати сепак очекуваме продолжение на органскиот раст и работењето.

 

7. Вашиот професионален успех се должи на храброста, јасната визија и огромната желба за работа и успех. Кој е е советот кој би им го дале на сите идни млади претприемачи?

Работењето во денешни услови е многу комплексно. Меѓутоа ние од секогаш сме биле проактивни, изнаоѓавме простор за раст, бевме доволно систематични и стабилни за да ги задржиме постоечките позиции, а сепак флексибилни за да можеме да се прилагодиме на потребите на опкружувањето, промената на пазарот. Сметам дека е важно да имаме храброст понекогаш и да истраеме во нешто, а понекогаш и да пробаме нешто ново, што обично значи и одреден ризик. Ние тој пат на успех го препознавме и го дефиниравме преку нашите корпоративни вредности-одговорност, креативност и страст, а основните на овие три начела се постигнуваат преку комапниската победа до која се доаѓа преку меѓусебните разлики, но со исти вредности. И затоа на крај на младите би им препорачал: бидете успешни, бидете страствени, одговорни и креативни. Бидете  природно поинакви!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП