26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се формира Фонд за поддршка на лицата со инвалидност

Ќе се формира Фонд за поддршка на лицата со инвалидност

trid

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески денеска потпишаа меморандум за соработка со кој меѓу другото се уредува и вработување на лицата со инвалидност.

– Потпишавме меморандум за соработка со кој се уредуваат активностите кои ќе се преземаат во наредниот период, а особено за вработување на лицата со инвалидност и подобрување на нивната социјалната интеграција. Обезбедувањето поддршка е во насока на формирање на посебен фонд во кој ќе се прибираат средства од страна на членките на Стопанската комора.

Средствата ќе се користат за лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, истакна Спасов.

Тој му се заблагодари на Азески за, како што кажа, конкретната подршка и изразената хуманост што Стопанската комора ја дава за овие лица.

Азески рече дека Стопанската комора на Македонија како општествена одговорна бизнис заедница, се вклучува и во обезбедување на социјалната заштита на работниците, со акцент на соодветна застапеност на одредени групи работници.

– Со меморандумот што денеска го потпишавме, домашните компании преку комората се вклучуваат во заедничко решавање на проблемите во насока на обезбедување адекватна поддршка на лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, рече Азески.

Посочни дека вклучувањето на СКМ како најголема и најбројна бизнис асоцијација во Македонија е со цел за вработување на лицата со инвалидитет, нивно работно оспособување за практична работа за определени работи согласно потребите на работодавецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП