4 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarrefour купува пакет од 127 трговски центри во три држави

Carrefour купува пакет од 127 трговски центри во три држави

carrefour trgovski

Најголемиот трговец на мало во Европа, француската компанија „Carrefour“, објави дека од групацијата за недвижности „Klepierre“ ќе купи 127 трговски центри во Франција, Шпанија и Италија. Износот кој за нив ќе го плати француската компанија е 2.8 милијарди евра.

Новата инвестиција е со над 800.000 квадратни метри продажен простор и средства од 2,7 милијарди евра и ќе биде составена од 1,8 милијарди евра во средства, од кои 42% сопственост на „Carrefour“, а останатите од институционални инвеститори. Кон шемата се додава и долг од 900 милиони евра, посочуваат од компанијата.

Се очекува зделката да заврши во првата половина на 2014-та година, бидејќи е предмет на финално договарање помеѓу страните и одобрување од страна на регулаторите.

„Carrefour“, која е втора по големина малопродажна компанија во светот, веќе неколку години во Европа се бори со потешкотии, делумно поради тоа што продолжува да се потпира главно на формата на хипермаркетите на кој таа е пионер, наведува „Ројтерс“. Ова е во комбинација со фактот дека притиснати од времето, корисниците преферираат да купуваат онлајн или од продавници за храна кои се поблиску до нивниот дом, а непрехранбените стоки се купуваат од специјализирани продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП