8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделството

Македонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделството

Flag-Pins-Macedonia-Albania

Зголемување на размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји, договорија денеска ресорните министри на Македонија и Албанија Љупчо Димовски и
Едмонд Панарити.

Димовски и Панарити на средба во Скопје се согласија дека се неопходни засилени мерки за заштита на охридската пастрмка. Ќе се спроведуваат ригорозни контроли на риболовот од албанска страна, но и заеднички иницијативи за зачувување на биодиверзитетот во Преспанското езеро.

– Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди зашто размената е многу мала.

За таа цел ќе формираме работна група преку која ќе се координираат натамошните институционални активности, рече министерот Димовски на прес-конференција по средбата.

Според Димовски, Македонија на албанскиот пазар може да пласира градинарски производи и овошје, а оттаму да увезе морски плодови, лимони, портокали, маслинки и маслиново масло.

Изразувајќи задоволство од конструктивноста на разговорите, министерот Панарити напомена дека Албанија мора да го следи македонскиот пример за обезбедување финансиска поддршка во земјоделството.

– Заинтересирани сме за вашите искуства во однос на субвенционирањето и успехот од распределбата на поддршката.

Тоа е и една од причините зашто дојдовме, да научиме од вас околу креирањето на политиката на финансиската поддршка и тоа да го примениме во Албанија, посочи Панарити кој пристигна во Македонија со директорката на Платежната агенција на Албанија.

Димовски и Панарити по средбата во Министерството за земјоделство заминаа во посета на Платежната агенција каде албанските претставници директно ќе имаат можност да се запознаат со реализирањето на ИПАРД средствата и државната поддршка.

Во насока на интензивирање на аграрната соработка, министерот Димовски најави скора посета на Албанија со група стопанственици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП