24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто подготвува Шкода до 2018-та година?

Што подготвува Шкода до 2018-та година?

skoda nova

Шкода не крие дека до 2018-та година има во план да ја зголеми годишната продажба на 1.5 милиони автомобили. За да се случи такво нешто, потребно е на пазарот да понудат нови модели, но и да се освежат некои од постоечките.

Кога некоја авто-компанија е дел од голема групација, нејзината улога е да ги исполни своите обврски за да се остварат развојните цели на целата групација во иднина.

Фолксваген во рамките на повеќегодишниот амбициозен план има зацртано до 2018-та година да стане најголемиот производител на светот. На патот до реализацијата, оваа групација има намера во 2013-та година ширум светот да продаде 9.5 милиони возила. Во првите 11 месеци глобалната продажба на групацијата порасна за 5 проценти во однос на истот период од 2012-та и изнесуваше 8.6 милиони возила.

Шкода, како еден од значајните фактори на „VW“ би требало до 2018-та година да ја обнови постоечката гама, но и да претстави нови модели кои би донеле нови купувачи. Првиот автомобил кој ќе се појави во продажба е следната генерација на моделот „Fabia“, кој е планиран за крајот на 2014-та година.

Овој автомобил, како еден од најважните продажни адути на Шкода, ќе добие нов корпоративен изглед, кој подразбира нова, поширока маска на ладилникот и аголни фарови. За разлика од актуелната гама во следната генерација на овој модел ќе има и спортска „RS“ верзија.

Во почетокот на 2015-та година би требало да следи и новата „Octavia Coupe“. Базирана на актуелниот модел, купе верзијата би имала и спортски и помалку конзервативен изглед во однос на лимузината.

Во средината на 2015-та година Шкода има во план да ја лансира и третата генерација на моделот „Superb“. „Superb III“ ќе биде модернизирана во склад со новиот дизајнерски јазик на компанијата, ќе има нешто пониска силуета и ќе биде поширока во однос на актуелниот модел.

Автомобилот ќе биде поставен на „MQB“ платформата на Фолксваген, но ќе има поголемо меѓуосовинско растојание. Покрај лимузината во понудата ќе се најде и караван верзија. Се очекува постоечкиот 3.6 литарски V6 мотор повеќе да не биде достапен, со оглед на неекономичноста на овој мотор, а неговото место би требало да го заземат помоќните четирицилиндарски бензински и дизел агрегати.

За 2015-та година Шкода планира и воведување на уште еден модел, мал урбан кросовер.

Следната, 2016-та година, е резервирана за долго најавуваниот голем „SUV“, во рангот на моделот „Touareg“, кој би требало да се нарекува „Snowman“. Кон крајот на истата година се очекува и новиот „Yeti“, чија прва генерација е редизајнирана во текот на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП