26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвајца директори ја напуштаат Barclays

Двајца директори ја напуштаат Barclays

barc1

Финансискиот директор и водечкиот правен експерт на британската банка „Barclays“ поднесоа оставка поради продолжувањето со скандалот околу местењето на каматнaта стапка Либор.

„Barclays“ денес објави дека финансискиот директор на групацијата, Крис Лукас, и генералниот советник на банката, Марк Хардинг, донеле одлука да се повлечат од компанијата“, пренесува агенцијата АР.

Тие ќе останат на нивните функции се до именувањето на нивните наследници, за што ќе биде „потребно извесно време“ со оглед на сериозноста на овие позиции, се додава во соопштението.

Британските и американските власти, во јуни минатата година ја казнија банката „Barclays“ со 290 милиони фунти поради местење на меѓубанкарските каматни стапки Либор и Еурибор во периодот помеѓу 2005 и 2009 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП