3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle купи уште една компанија за роботи

Google купи уште една компанија за роботи

roboti google

„Google“ ја купи компанијата „Boston Dynamics“ (Бостон Динамикс), која го создаде Чита – најбрзиот робот во светот. Компанијата, која има договор со Армијата на САД , е осмиот производител на роботи кој оваа година е купен од „Google“.

Цената и големината на проектот, предводен од поранешниот шеф на „Android“, Енди Рубин, се чуваат во тајност. Аналитичарите сметаат дека купувањата на „Google“ говорат за зголемениот интерес за интегрирање на роботите во работниот процес на интернет компаниите.

Компанијата „Boston Dynamics“, која не продава роботи на масовниот пазар, е основана во 1992-та година од поранешен професор на Технолошкиот институт во Масачусетс. Компанијата беше консултант на јапонскиот гигант „Sony“, но најмногу развива технологии за мобилни и офроуд роботи со финансирање на Пентагон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП