2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕдeн од најочекуваните автомобили за 2014-та: Rolls-Royce Wraith

Едeн од најочекуваните автомобили за 2014-та: Rolls-Royce Wraith

writhe

Моделот „Rolls- Royce Wraith 2014“ е страсно очекуван од сите кои не знаат за што друго можат да потрошат 330.000 долари. Со наближувањето на неговото излегување на пазарот, автомобилот повторно почнува да предизвикува врева околу себе.

„Wraith“ е динамичен и елегантен автомобил, уреден во секој детал. Тој е опремен со 6.6 -литарски битурбо V12 мотор со моќност од 624 КС, што му овозможува да развие брзина до 250 км/ч и забрзувањето до 100 км/ч да го постигне за само 4.4 секунди.

rolce wraith

Автомобилот има 8 -брзински автоматски менувач, кој е создаден од поранешен инженер на „BMW F1“. Масивните врати се неочекувано лесни за отворање и се затвораат со едноставно допирање на копче.

Внатрешниот финиш е импресивен: дрво и кожа во комбинација со беспрекорен вкус, а таванот е со илјадници фиброоптични светла кои го прават да изгледа како ѕвездено небо. Прилагодливите седишта со греење и ладење ја обезбедуваат потребната удобност.

rolce wraith1

Тежината на возилото е 2,5 тони. Тоа користи „GPS“ автомобилски систем и однапред се адаптира на стилот на возење.

Другите опции кои се вклучени во него се, надворешениот систем за надзор со камери, аудио систем и 21-инчни тркала. И покрај тоа што автомобилот е повеќе наменет за возачот, патниците исто така ќе можат да уживаат во луксузната кабина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП