4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon: Милиони промени на цените во 24 часа

Amazon: Милиони промени на цените во 24 часа

amazon1156

Amazon ги менува цените на производите на својот сајт неверојатни 2,5 милиони пати дневно, покажува истражувањето на компанијата „Profitero“.

За споредба, големите трговски ланци „Walmart“ и „Best Buy“ ја корегираат цената на производите во своите продавници околу 50.000 пати, но на месечно ниво.

Иако е јасно дека компанијата на Џеф Безос, дел од својот голем успех го постигнува благодарение на честите попусти, широката понуда и конкурентните цени, честите промени не се изненадување, но аналитичарите истакнуваат дека овој податок е сосема неочекуван.

„Profitero“ објаснува дека до оваа вртоглава бројка е дојдено поради тоа што работењето на „Amazon“ во добра мера се ослонува на константен мониторинг на конкуренцијата и експресни реакции и намалување на цените во однос на ривалите.

Во последната година, очигледно е дека тактиката е доведена до совршенство, па бројот на промени на цените на дневно ниво е за десет пати зголемен, а освен физичките производи, „Amazon“ започна се почесто да ги менува и цените на своите услуги и на „виртуелната стока“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП