28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ до крајот на годината би можела да дозволи одгледување ГМО пченка...

ЕУ до крајот на годината би можела да дозволи одгледување ГМО пченка

MDG : GM food : Kernels of seed corn at Monsanto Co. lab in St. Louis

Врз основа на планот што минатиот месец го поддржа Европската комисија, ЕУ би можела до крајот на годината да дозволи одгледување на генетски модифицирана пченка 1507. Доколку со тоа се согласат поголем дел од земјите на Унијата, тоа ќе биде прв закон кој дозволува сеидба на генетски модифицирано семе на нејзина територија.

Предлогот на ЕК за одгледување на пченката 1507 сега треба да го разгледаат и министрите на 28-те земјите членки на ЕУ и конечна одлука би можела да биде донесена до крајот на месецов.

Пченката 1507 е производ на една од водечките светски компании за генетски модифицирани организми. Научниците и еколозите предупредуваат на штетноста на таквите производи за здравјето на луѓето и животните, како и на недостатоците на европските закони за безбедност на храната.

Американската компанија „Дипонт Пајонир“, чиј производ е пченката 1507, тврди дека таа е отпорна на инсекти, влага и суша. Еколозите во исто време предупредуваат дека ГМО посевите се вушност пестициди, кои ги трујат другите билки.

– Никаде во светот не се прават тестирања на три, пет ниту на десет години, бидејќи се скапи. Европската агенција за безбедност на храната, мора да воведе соодветни тестови и да обезбеди пари за нив, порачува од канцеларијата „Гринпис“ при ЕУ, Марио Контиеро.

Членките на ЕУ имаат многу спротивставени ставови за одгледувањето на генетски модифицирани организми, но во случај ресорните министри од Унијата да не донесат одлука, комисијата има овластување до крајот на годината да одобри продажба и одгледување на новиот вид на ГМО пченка.

Според првите реакции, Шпанија и Велика Британија се подготвени да ја сејат пченката 1507, додека таа нема да биде присутна во Франција, Австрија, Полска. Во прилог на нивното одбување оди предупредувањето на научниците за последиците од употребата на ГМО плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП