19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески: Градежништвото двигател на растот и во 2014 година

Јанакиески: Градежништвото двигател на растот и во 2014 година

mile-janakieski

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува и во наредната 2014 година да продолжи трендот на раст на градежништвото во Македонија, дури и со поголема стапка од годинашната.

– Градежништвото во последните две години е двигател на економскиот раст во Република Македонија. Само годинава реконструирани и изградени се околу 100 локални патишта во должина од 114 километри, а во фаза на завршување се и осум регионални патни правци.Во фаза на градба е и автопатот Демир Капија-Смоквица, се реализираат и градбите од проектот Скопје 2014. Сето тоа придонесе за развој на градежништвото, рече Јанкаиески одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека само во општина Аеродром се градат петнаесетина згради, а ширум територијата на Македонија се продадени огромен број на локации за градба.

– Во 2014 година очекувам уште повисок раст на градежништво, бидејќи ќе започне изградбата на два нови автопатишта, ќе продлжи изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица,  повеќе од сигурно е дека  ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија и изградбата  на главните магистрални гасоводни мрежи. Сето тоа кажува дека  градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година, нагласи Јанакиески.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2013 година градежниот сектор во Македонија бележи раст од 30,5 отсто, а растот на БДП е 3,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП