
Неименувано бебе стана акционер на една компанија со износ од 4.800 евра, во случај што ја шокираше јавноста во Шпанија.


Неименувано бебе стана акционер на една компанија со износ од 4.800 евра, во случај што ја шокираше јавноста во Шпанија.
Не е јасно како се случило на бебе да биде продадено нешто, но родителите изјавиле дека немале поим дека парите биле префрлени од нивните сметки за купување акции и дека како сопственик на акциите е наведено нивното дете.
Банката “Novagalicia” го прогласи купувањето за неважечко и им ги вратила парите на сметката, а ќе мора да плати парична казна поради овој пропуст.
“Трансакцијата е прогласена за неважечка затоа што сопственикот, во овој случај бебето, не беше доволно информиран”, рече судијата.