16 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСо мобилни апарати ќе се утврдува кој го загадува воздухот

Со мобилни апарати ќе се утврдува кој го загадува воздухот

vozduh

Наредната недела треба да бидат испорачани и ставени во функција двата мобилни апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух, со што за првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот.

Министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање на денешшната прес-конференција, појасни дека мобилните апарати ќе бидат поставувани на таканаречените жешки точки во Скопје, но и во другите градови.

– Апаратот, на пример, се поставува во една фабрика која се смета дека е голем загадувач и тој врши мерење во рок од 24 часа.

Потоа се прави анализа на честиците и се гледа нивниот хемиски полнеж, односно може да се види дали содржат определени хемиски елементи кои е поврзани со она што го работи конкретната фабрика, односно нејзиното производство, рече Тодоров.

На ваков начин, смета министерот за здравство, ќе се овозможи да се преземаат конкретни мерки за загадувачите кои стојат на располагање согласно законот, бидејќи, како што рече, точно ќе се знае, а нема да се претпоставува, кој е причината за зголеменото загадување на воздухот.

– Со овие апарати се докажува врската помеѓу загадувачот и загаденоста, затоа што се поставува на местото каде што е изворот на загадување и може потоа да се утврди хемискиот полнеж на ПМ честичката 10 и 2,5 и да се утврди дали е резултат на загадувачот каде што е поставен апаратот, рече Тодоров.

Додаде дека од вторник или среда кога ќе бидат испорачани апаратите веднаш ќе бидат ставени во функција и постојано ќе бидат вршени мерења, за да можат да се преземаат мерки кои стојат на располагање.

– Во овој дел казните се многу сериозни бидејќи станува збор за кривични дела извршении од оние кои несовесно се однесуваат и кои практично не трујат, рече министерот за здравство.

Појасни дека загаденоста на воздухот спрред Светската здравствена организација е една од најсериозните причини за заболувања на респираторниот систем, особено за рак на бели дробови, кое, како што рече, е причина број еден за смртност од малигни заболувања во Република Македонија.

Со мерењто и анализата ќе може да се добијат прецизни резултати за концентрацијата на суспендираните цврсти честички ПМ10 и ПМ2.5, како и за присуството и концентрацијата на одделни штетни супстанци, како тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди, азбест и други.

Мобилниот мерач ќе може да се пренесува во возило, мерењето ќе трае 24 часа во сите временски услови. Ќе може да се поставува на секое место за кое надлежните институции се сомневаат дека има извор на загадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП