30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска прва ги „отпушти“ ЕУ и ММФ

Ирска прва ги „отпушти“ ЕУ и ММФ

irska1

Ирска и официјално во недела ја напушта тригодишната програма за спасување „пропишана“ од светската финансиска тројка (ЕЦБ, ММФ и ЕУ).

Во текот на тој период во оваа мала земја се внесени повеќе од 85 милијарди евра во вид на разни заеми.

Ирска е првата земја од еврозоната која официјално излезе од програмата за помош на ММФ и ЕУ, изјави ирскиот министер за финансии Мајкл Нонан.

„Ова не е крај на процесот, туку ова е значајна етапа. Мораме да продолжиме со истата политика“, изјави ирскиот министер. Спорд очекувањата на неговото министерство, главниот двигател на ирската економија во наредната деценија ќе биде силниот извоз.

Ирска побара помош, која и беше неопходна пред три години, за да ги доведе во ред своите јавни финансии. Даблин ги исполни условите кои беа неопходни за одобрување на програмата за помош, како што се мерки за штедење поради намалувањето на буџетскиот дефицит и балансирање на економијата.

Владата на Ирска поради банкрот пред неколку години прифати помош од „тројката“ и почна со реструктуирање на банкарскиот систем, со големи мерки за штедење во јавниот сектор. И покрај многуте позитивни знаци, меѓу западните економисти постои загриженост поради високата задолженост и слабата состојба на банките во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП