5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја сочинуваат „невработени“ и Германци

Еврозоната ја сочинуваат „невработени“ и Германци

European Central Bank

Графиконот со стапката на невработеност во еврозоната конечно се опоравува, но повеќето членки се далеку од предкризното ниво од 2007 година. Секако, тоа не важи за Германија.

Проценето е дека многу држави погодени од кризата нема да успеат барем уште пет години да ги вратат загубениот број на работни места, а Шпанците и Италијанците ќе чекаат и до 2020 година.

Новите податоци на „Еуростат“, кои ги изработија аналитичарите на „Мерлин Линч“, покажуваат дека за намалување на секој процент од невработеноста во еврозоната (12,1 процент) економијата ќе мора да порасне за два процентни поени.

Како што наведува „Кварц“, работите може да бидат подобри, но можеа да бидат и многу полоши.

Тоа пред се важи за Португалија и за „хероите на кварталот“ Ирците, кои покрај растот на вработеноста успеаа и да се извлечат од канџите на европската кредиторна тројка – ЕУ, ЕЦБ, ММФ и да излезат од нивната програма за помош.

Сепак, споредувајќи ги податоците од пред пет години и денешните, пред сите се истакнуваат Германците. Најсилната земја во ЕУ во 2007 година имала поголема стапка на невработеност од просекот во еврозоната – 8,7 проценти во однос на 7,6 проценти.

Меѓутоа, додека другите се грчеа и се соочуваа со раст на невработеноста, најмногу меѓу младите луѓе, Германците го применија својот „таен рецепт“и од година во година беа во се подобра положба – сега се на 5,2 проценти со тенденција за економски раст, со рекорден извоз и константен пад на невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП