1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на БДП 3,3 отсто

Растот на БДП 3,3 отсто

bdp

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2013 година е 3,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан во повеќе сектори, но најголем во градежништвото, 30,5 отсто, Сообраќај, складирање и врски, 5,8 проценти, и Трговија на големо и мало, Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата, 2,8 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2013 година во однос на истиот период лани, номинално расте за 4 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 72,8 проценти. Извозот на стоки и услуги номинално се зголеми за 7,2 отсто, а увозот бележи намалување во номинален износ од 2,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП