9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Поддршка од Владата за реализација на инвестициите

Груевски: Поддршка од Владата за реализација на инвестициите

ng

Премиерот Никола Груевски ги повика германските бизнисмени да ги истражат инвестициските можности и предности кои ги нуди Македонија.

– Несомнено странските инвестиции имаат големо значење за македонската економија поради што како Влада сме подготвени да излеземе во пресрет и да ја обезбедиме севкупната поддршка за реализација на инвестициите, истакна премиерот Груевски во обраќањето на економскиот форум „Европа 20–20: Предизвици и реформи за стопанството и животната средина, што се одржува денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Европската бизнис асоцијација.

Пред претставници на компании од Германската стопанска комора во Македонија и Европската бизнис асоцијација Груевски ги претстави актуелните економски прилики во Македонија, осврнувајќи се на преземените реформи за подобрување на бизнис-климата, очекувањата за состојбите во економијата и за резултатите од преземените активности.

Германија, истакна Груески, е важен трговски партнер на Македонија, а реализацијата на неколку покрупни гринфилд инвестиции од оваа држава дава нова димензија на македонско-германската соработка.

– Македонија успеа да се наметне како земја од која на германскиот пазар се испраќаат производи со повисока технолошка вредност.

Ова ја подобрува перцепцијата кај германските бизнисмени и претставува силен аргумент Македонија да биде следната локација за нивните инвестиции, рече Груевски, укажувајќи оти потврда за тоа се последните статистички податоци според кои Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија со вкупна
надворешна трговска размена од 1,4 милијарди евра во 2012 година.

За периодот јануари –септември размената изнесува 1,2 милијарди евра што претставува раст од скоро 20
проценти споредено со истиот период лани.

Извозот, како што посочи, во 2012 година изнесува 914 милиони евра и е скоро трипати поголем во однос на 2009 година.

Според Груевски, Владата постојано работи на подобрување на бизнис-климата со цел привлекување нови инвестиции и отворање работни места.

Потврда за преземените реформи покрај од меѓународните финансиски институции, се конкретните инвестиции во државата како од германски, така и од останати компании од други држави.

Особено е значајно, според македонскиот премиер, што некои од нив веќе реинвестираат, односно
донеле одлука за втори инвестиции во Македонија.

Пред учесниците на економскиот форум Груевски потсети на поволностите за странските и домашните инвеститори во слободните економски зони, истакнувајќи дека за реализација на нивните инвестиции имаат постојана поддршка од македонската Влада која презема активности за стабилна макроекономска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП