2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на YouTube „експлодираа“

Приходите на YouTube „експлодираа“

youtube1

Приходите од рекламите на „YouTube“ кој е во сопственост на „Google“ во 2013 година ќе достигнат 5,6 милијарди долари.

Од приходите, овој портал за размена на видео-содржини ќе задржи 1,96 милијарди, а остатокот ќе го раздели на партнерите.

На тој начин, приходите на „YouTube“ во тековната година ќе бидат дури за 65 проценти поголеми во однос на оние од 2012 година, и ќе ги надминат приходите на „Twitter“, „Amazon“ или „LinkedIn“, пренесува агенцијата АП.

Во истражувањето, исто така, се наведува дека приходите од огласувањето на „YouTube“ во оваа година ќе достигнат 5,1 проценти од вкупните приходи на „Google“ од рекламите, додека во 2012 година тој удел изнесуваше 3,6 проценти.

Најголем дел од приходите, „YouTube“ ги остварува на американскиот пазар, 1,08 милијарди долари, од кои 850 милиони потекнуваат од реклами во видео-формат , така што „YouTube“ на американскиот пазар за видео реклами учествува со 20,5 проценти.

Во 2013 година и во иднина „YouTube“ смета на повеќе од една милијарда посетители месечно, кои видео-содржините ги гледааат подолго од шест милијарди часа, во текот на еден месец, што е за 50 проценти повеќе отколку во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП