19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViva Ronaldo - друштвената мрежа на Кристијано

Viva Ronaldo – друштвената мрежа на Кристијано

viva ronaldo11

Тој можеби и нема да ја добие „Златната топка“ за 2013-та година, но Кристијано Роналдо може да се пофали со нешто друго – сопствена социјална мрежа, наречена „Viva Ronaldo“.

Португалската фудбалска ѕвезда поднесе барање за мрежата на својата официјлна страна, со цел да им овозможи на своите милиони фанови да комуницираат едни со други и да ги следат вестите за својот идол. Тие исто така ќе учествуваат и во наградни игри, за да добијат дрес со автограм или билети за натпревар.

„„Viva Ronaldo“ е официјалната платформа на виртуелната заедница на Кристијано Роналдо“, изјавија од португалската компанија „Viva Superstars“, основана од ѕвездата на Реал Мадрид.

Во неа симпатизерите ќе можат да ги следат натпреварите во живо, да споделат фотографии, видео и пораки за фудбалерот. Страницата на Роналдо на „Facebook“ ја следат 67 милиони луѓе, а неговиот профил на „Twitter“ –  23 милиони, што покажува дека неговата мрежа има големи шанси за успех.

Па така, Роналдо тргнува по стапките на ѕвезди како Лејди Гага, Златан Ибрахимовиќ, Лионел Меси и Рафаел Надал , кои исто така имаат свои социјални мрежи.

https://www.vivaronaldo.com/

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП