19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот рај на козметичките гиганти е Африка

Новиот рај на козметичките гиганти е Африка

top-cosmetic-and-beauty-products

Потпирајќи се на забрзаниот економски раст на африканскиот континент и се поголемата средна класа, козметичките гиганти како „Loreal“, „Unilever“ и „Prokter&Gembl“ имаат амбициозни цели за африканскиот пазар на убавина. Според нивните проценки, тие очекуваат годишен раст од околу 10 проценти и во 2017-та година тој да вреди повеќе од 10 милијарди евра.

Податоците на истражувачкиот центар „Roland Berger“ покажуваат дека африканскиот континент до 2017-та година ќе биде населен со близу 1.2 милијарди луѓе, од кои 300 милиони ќе припаѓаат на средната класа. Се очекува пазарот за средства за хигиена и убавина тогаш да вреди 10.5 милијарди евра, од кои половина ќе припаѓаат на Јужна Африка и Нигерија.

Соочени со кинеската и индиската конкуренција, водечките западни козметички компании ќе вложат големи напори за да ја освојат новата африканска средна класа.

Па така, козметичката куќа „Procter&Gembl“, својата активност ќе ја фокусира на пазарите во Јужна Африка и Нигерија, има во план да ја зголеми продажбата за дури четири пати повеќе во наредните три години.

„Unilever“, која во Африка веќе оствари приходи од три милијарди евра, предвидува дека до 2017-та година овој износ ќе биде двојно поголем.

„Loreal“, која на глобално ниво минатата година забележа приходи од 22.5 милијарди евра, на африканскиот пазар оствари дури 683 милиони евра, но уште од 2011-та година настојува да ги интезивира активностите во Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП